OBJ_BUCH-2301-002.book Page 304 Monday, December 22, 2014 10:15 AM
304 | Македонски
Поставување на стандарден агол на закосување 45°
(десно, вертикално)
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила 19 до жлебот 26 за 0°. Лостот
23 мора осетно да се вклопи во жлебот.
– Извадете ја левата подеслива шина со граничник 2
(види „Поместување на граничната водилка",
страна 299).
– Извлечете го граничникот 44 сосема нанапред.
– Свртете го десниот граничник 3, додека стандардниот
агол на закосување 45° не се вклопи на ознаката за
стрелка.
– Олабавете го затегнувачкиот лост 7.
– Навалете го кракот на алатот на дршката 12 надесно,
додека завртката-граничник 64 не налегне на
граничникот 3.
Проверете: (види слика V1)
– Поставете го аголното мерило на 135° и ставете го на
масата за пилата 19.
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со листот на пилата 48.
Поставување: (види слика V2)
– Олабавете ја контра-навртката на завртката-граничник
64 со обичен окаст или вилушкаст клуч (10 mm).
– Завртете ја завртката-граничник навнатре или
нанадвор, додека кракот од агломерот не е рамен по
целата должина со листот на пилата.
– Повторно затегнете го затегнувачкиот лост 7.
– Потоа повторно затегнете ја контра-навртката на
завртката-граничник 64.
Ако показателот на агли 43 и 5 по подесувањето не е во
една линија со 45°-ознаките на скалата 4 проверете ја
уште еднаш 0°-поставката за аголот на закосување и
показателот на аголот. Потоа повторете го подесувањето
за 45°-аголот на закосување.
Израмнување на скалата за хоризонтален агол на
закосување
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
– Свртете ја масата за пила 19 до жлебот 26 за 0°. Лостот
23 мора осетно да се вклопи во жлебот.
Проверете: (види слика W1)
– Поставете агломер на 90° помеѓу граничната водилка 1
и листот на пилата 48 на масата за пилата 19.
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со листот на пилата 48.
Поставување: (види слика W2)
– Олабавете ги сите завртки за подесување 65 со инбус
клучот (4 mm) 38 и свртете ја масата за пила 19 заедно
со скалата 27, додека кракот на аголното мерило не се
постави рамно со листот за пилата по целата должина.
– Повторно зашрафете ги шрафовите.
Доколку показателот на агли 25 по подесувањето не е во
линија со 0°-ознаката на скалата 27, олабавете ја
завртката 66 со крстест одвртувач и израмнете го
показателот на агли по должина на 0°-ознаката.
1 609 92A 0Z5 | (22.12.14)
Транспорт (види слика X)
Пред транспортот на електричниот апарат мора да ги
извршите следните чекори:
– Олабавете ја завртката за фиксирање 6, доколку истата
е затегната. Извлечете го кракот на алатот целосно
нанапред и повторно затегнете ја завртката за
фиксирање.
– Проверете дали граничникот за длабочина 41 е
навален сосема наназад и дали завртката за
подесување 40 поминува низ отворот при движењето
на кракот на алатот без да го допира граничникот за
длабочина.
– Подесете го електричниот апарат во транспортна
позиција.
– Отстранете ги деловите на опремата, кои не може
цврсто да се монтираат на електричниот апарат.
Неискористените листови за пила, доколку сакате да ги
транспортирате ставете ги во затворена кутија.
– Врзете го струјниот кабел со самолепливата лента 67.
– Електричниот апарат носете го со транспортната рачка
10 или фатете го за жлебовите за држење 29 странично
на масата за пила.
Електричниот апарат секогаш треба да го носат две
лица, за да се избегнат болките во грбот.
За транспортирање на електричниот апарат,
користете ги секогаш уредите за транспорт, а не
заштитните уреди.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш
набавете го од Bosch или специјализирана продавница за
Bosch-електрични апарати, за да го избегнете
загрозувањето на безбедноста.
Чистење
Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и безбедно
да работите.
Заштитната хауба со повратен механизам мора секогаш да
се движи слободно и самостојно да се затвора. Пределот
околу заштитната хауба со повратен механизам секогаш
треба да биде чист.
Отстранете ја правта и струготините со издувување со
компресиран воздух или со четка по секоја работна
постапка.
Редовно чистете го лизгачкиот валјак 16.
Bosch Power Tools