Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GSA 16-32 Professional Originalbetriebsanleitung Seite 124

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 6
OBJ_BUCH-2842-001.book Page 124 Wednesday, April 5, 2017 5:39 PM
124 | Македонски
Вшмукување на прав/струготини
 Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
 Внимавајте на електричниот напон! Напонот на
изворот на струја мора да одговара на оној кој е
наведен на спецификационата плочка на
електричниот уред. Електричните апарати означени
со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
При работа на електричниот апарат со мобилни
произведувачи на струја (генератори), кои не располагаат
со доволно резерви на јачина, одн. не располагаат со
соодветна регулација на јачина, може да дојде до губење
на јачината или нетипично однесување при вклучување.
Ве молиме внимавајте на погодноста на производителот
на струја, особено во поглед на мрежниот напон и
фреквенција.
Контрола/избор на бројот на удари
Кај тврди материјали (на пр. челик), мекиот старт
овозможува прецизно сечење.
Бројот на вртежите на вклучениот електричен апарат
може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа
колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за
вклучување/исклучување 11.
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/
исклучување 11 се постигнуваат мал број на удари. Со
зголемување на притисокот се зголемува и бројот на
удари.
Со копчето за подесување на бројот на удари 9 може да го
изберете бројот на удари и да го промените за време на
работата.
1:
низок број на удари
6:
висок број на удари
Константната електроника одржува постојан број на удари
при празен од и оптоварување и овозможува иста
постојана јачина при работењето.
1 609 92A 2L1 | (5.4.17)
Потребниот број на удари е зависен од материјалот и
работните услови и може да се утврди со практичен обид.
Се препорачува намалување на бројот на удари кога
листот за пила ќе го поставите на делот што се обработува
како и при сечење на пластика и алуминиум.
Поставување на осцилациите
Подесливите осцилации овозможуваат оптимално
прилагодување на брзината, капацитетот и сликата на
сечење на материјалот што се обработува.
Со ротациониот прекинувач 6 може да ги поставите
осцилациите и за време на работата.
Осцилациите се исклучени (степен 0):
За обработка на тенки, одн. цврсти материјали, на пр. лим,
челик.
За чисто сечење на рабови.
Осцилации, степен 1:
За обработка на нежелезни метали, цврсто дрво, пластика
одн. материјали со средна цврстина.
Осцилации, степен 2:
За обработка на нежелезни метали, цврсто дрво, пластика
одн. материјали со средна цврстина.
За обработка на меки материјали, на пр. лесни градежни
материјали, изолациони материјали, меко дрво, дрвена
маса.
Основна плоча што може да се навали и извади
(види слика B)
Основната плоча 2 поради својата подвижност се
подесува на потребниот агол на површината.
Основна плоча 2 може да се помести по должина во
3 степени во зависност од користениот лист за пила и
употребата. Притиснете го копчето за отклучување 13 и
поместете ја основната плоча 2 во саканата позиција.
Отпуштете го копчето за заклучување 13 и проверете,
дали основната плоча 2 е цврсто вклопена. Доколку е
потребно, поместете ја основната плоча 2 повеќе, додека
не се вклопи цврсто.
За да го исчистите прифатот за лист за пила 16, можете
целосно да ја извлечете основната плоча 2 додека е
притиснато копчето за отклучување 12. По чистењето
вметнете ја основната плоча повторно во прифатот,
додека не се вклопи.
 Не го притискајте копчето за отклучување 13 за
време на работата. Инаку може да ја изгубите
контролата над електричниот алат и да се повредите.
Вклучување/исклучување
Вклучување: Притиснете ја блокадата при вклучување 10
нанапред. Притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување 11 нагоре и држете го притиснат.
Исклучување: Отпуштете го прекинувачот за вклучу-
вање/исклучување 11.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Bosch Power Tools

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis