Herunterladen Diese Seite drucken

Bosch EasyChain 18V-15-7 Originalbetriebsanleitung Seite 241

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 3
Причини за отскокнување на ланецот и заштита од
u
повратен удар:
Отскокнување може да се случи ако врвот на
водилката допре некој предмет, или ако дрвото се
стегне и го заглави ланецот во резот.
Допирање на водилката во некои случаи може да
доведе до отскокнување, зафрлајќи ја одеднаш пилата
наназад кон ракувачот.
Заглавување на ланецот кај водилката може да
предизвика зафрлање на пилата наназад кон
ракувачот.
Овие две ситуации можат да доведат до губење на
контрола над пилата и претставуваат опасност од
повреда. Исклучутелно внимавајте да не се потпирате
само на заштитните механизми вградени во пилата.
Како корисник на пилата за кастрење, треба да
преземете неколку мерки за да можете да работите
без несреки и повреди.
Отскокнувањето или повратниот удар е последица од
погрешна или неправилна употреба на моторната
пила. Тоа може да се спречи со преземање соодветни
мерки на претпазливост како што е опишано подолу:
Пилата држете ја со двете раце цврсто, со палецот и
u
другите прсти околу рачките на пилата. Заземете
став со телото и рацете така да можете да спречите
отскокнување на пилата кон Вас. Ракувачот може да
ги контролира отскокнувањата, доколку преземе
потребни мерки на претпазливост. Никогаш не
испуштајте ја пилата.
Не пресегнувајте предалеку и не подигнувајте ја
u
пилата повисоко од висината на Вашите рамена. Со
ова ќе спречите несакано допирање на врвот, што
овозможува подобра контрола врз пилата во
непредвидени или неочекувани ситуации.
Употребувајте само резервни делови и ланци
u
одредени од произведувачот. Несоодветна замена
може да предизвика кинење на ланецот и
отскокнување.
Придржувајте се до упатствата за острење и
u
одржување на пилата дадени од произведувачот.
Намалувањето на длабочината ја зголемува опасноста
од отскокнување.
Дополнителни сигурносни напомени
Оваа машина не е наменета на личности (и деца) со
u
ограничени физички, сетилни или ментални
можности, со недостаток на искуство и знаење,
освен ако не им се обезбедени соодветни
инструкции или надзор за употреба на машината од
страна на личност одговорна за нивната
безбедност. Децата треба да бидат под надзор да не
си играат со уредот.
Пред да ја користите машината проверете да се
u
монтирани сите штитници и рачки. Никогаш не
работете со машина која не е целосно монтирана или
на која се вршени недозволени преправки.
Bosch Power Tools
Секогаш бидете сигурни дека ланецот е во правилна
u
положба. Неправилно поставениот ланец може да
доведе до кинење на ланецот, повратен удар и / или
повреда.
Кога работите со пилата за кастрење, секогаш носете
u
цврсти долги работни панталони.
Оваа пила за кастрење не е погодна за сечење од
u
долу нагоре. Употребување на пилата за кастрење
работи коишто не се опишани и не е наменета за такви
работи може да доведе до опасни ситуации.
Безбедносни напомени за оптимално
користење на батериите
Уверете се дека тримерот е исклучен пред да ја
u
ставите батеријата. Ставањето на батеријата додека
уредот работи може да предизвика несреќа.
Употребувајте само Бош батерии наменети за овој
u
уред. Употребата на некои други батерии може да
предизвика повреда или пожар.
Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од
u
краток спој.
Заштитете ја батеријата од топлина, на пр.
од долготрајно изложување на сончеви
зраци, оган, вода и влага. Постои опасност
од експлозија.
Неупотребената батерија држете ја подалеку од
u
канцелариски спајалици, клучеви, железни пари,
клинци, шрафови или други мали метални
предмети, што може да предизвикаат
премостување на контактите. Краток спој меѓу
контактите на батеријата може да предизвика
изгореници или пожар.
Доколку се оштети батеријата или не се користи
u
правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете
свеж воздух и доколку има повредени побарајте
помош од лекар. Пареата може да ги надразни
дишните патишта.
Користете ја батеријата само во производи од
u
производителот. Само на тој начин батеријата ќе се
заштити од опасно преоптоварување.
Батеријата може да се оштети од острите предмети
u
како на пр. клинци или одвртувач или со
надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен
краток спој и батеријата може да се запали, да пушти
чад, да експлодира или да се прегрее.
Не предизвикувајте краток спој на батеријата.
u
Инаку, постои опасност од експлозија.
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
u
Складирајте ја батеријата во граници на температура
u
од –20 °C до 50 °C. Не оставајте ја батеријата на
пример во автомобил на лето.
Повремено чистете ги отворите за проветрување на
u
батеријата со мека, чиста и сува четка.
Македонски | 241
F 016 L94 333 | (23.05.2023)

Werbung

loading