Облечете се соодветно. Не носете широка облека и
u
накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку
од подвижните делови. Широката облека, накитот
или долгата коса може да се закачат за подвижните
делови.
Ако се користат поврзани уреди за вадење
u
прашина и собирање предмети, проверете дали се
правилно поврзани и користени. Собирањето
прашина може да ги намали опасностите
предизвикани од неа.
Не дозволувајте искуството стекнато со честа
u
употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги
игнорирате безбедносните принципи при нивното
користење. Невнимателно движење може да
предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
Употреба и чување на електричните алати
Не го преоптоварувајте електричниот алат.
u
Користете соодветен електричен алат за намената.
Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно
и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет.
Не користете електричен алат ако не можете да го
u
вклучите и исклучите со помош на прекинувачот.
Секој електричен алат којшто не може да се
контролира со прекинувачот е опасен и мора да се
поправи.
Исклучете го електричниот алат од струја и/или
u
извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да
правите некакви прилагодувања, менувате
дополнителна опрема или го складирате
електричниот алат. Со овие превентивни
безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно
вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат
u
на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале
со електричниот алат или не се запознаени со ова
упатство да работат со истиот. Електричните алати
се опасни во рацете на необучени корисници.
Одржување на електрични алати и дополнителна
u
опрема. Проверете го порамнувањето или
прицврстување на подвижните делови, спојот на
деловите и сите други услови што може негативно
да влијаат врз функционирањето на електричниот
алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат
на поправка пред да го користите. Многу несреќи се
предизвикани заради несоодветно одржување на
електричните алати.
Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно
u
одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се
виткаат и полесно се контролираат.
Електричниот алат, дополнителната опрема,
u
деловите и др., користете ги во согласност со ова
упатство, внимавајте на работните услови и
работата која ја вршите. Користењето на
електричниот алат за други намени може да доведе до
опасни ситуации.
Bosch Power Tools
Рачките и површините за држење одржувајте ги
u
суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за
држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно
ракување и контрола на алатот во непредвидливи
ситуации.
Употреба и чување на батериски алат
Извадете ја батеријата:
– кога го оставате уредот без надзор
– пред отстранување на пречки
– пред дрегледување, чистење или работа врз уредот
– после удар во тврд предмет, за да го прегледате
уредот
– кога уредот одеднаш почнува да вибрира, веднаш
проверете го
Батеријата полнете ја само со полначи препорачани
u
од Bosch. Полнач што е погоден за полнење на еден
вид батерии може да предизвика пожар кога се
користи за полнење на некој друг, несоодветен вид на
батерии.
Затоа користете само батерии кои се предвидени
u
за уредот. Користењето на други батерии може да
доведе до повреди и опасност од пожар.
Неупотребената батерија држете ја подалеку од
u
канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари,
клинци, шрафови или други мали метални
предмети, што може да предизвикаат
премостување на контактите. Краток спој меѓу
контактите на батеријата може да предизвика
изгореници или пожар.
При погрешно користење, може да истече течноста
u
од батеријата. Избегнувајте контакт со неа.
Доколку случајно дојдете во контакт со течноста,
исплакнете ја со вода. Доколку течноста дојде во
контакт со очите, дополнително побарајте лекарска
помош. Истечената течност од батеријата може да
предизвика кожни иритации или изгореници.
Не употребувајте комплет со батерии или алат кој е
u
оштетен или изменет. Оштетени или изменети
батерии може да реагираат непредвидливо и да
предизвикаат пожар, експлозија или опасност од
повреда.
Не го изложувајте комплетот со батерии или алатот
u
на оган или висока температура. Изложувањето на
оган или температура над 130°C може да предизвика
експлозија.
Следете ги сите инструкции за полнење и не го
u
полнете комплетот со батерии или алатот надвор од
температурниот опсег наведен во инструкциите.
Неправилното полнење или на температура надвор од
наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја
зголеми опасноста од пожар.
Сервисирање
Електричниот алат сервисирајте го кај
u
квалификувано лице кое користи само идентични
Македонски | 209
F 016 L94 427 | (17.05.2022)