Ако затезниот момент е премногу висок, намалете го времето
на удар.
Ако затезниот момент е недоволен, зголемете го времето на
удар.
Маслото, нечистотијата, рѓата или другите загадувачи на
навојот или под главата на сврзувачкиот елемент влијаат на
затезниот момент.
Вртежниот момент што е потребен за олабавување на
сврзувачкиот елемент е во просек од 75% до 80% од затезниот
момент, зависно од состојбата на контактните површини.
Зашрафете малку со релативно низок затезен момент и
користете рачни динамометрички клуч за финално
затегнување.
БАТЕРИИ
Подолг период неупотребувани комплети батерии да се
наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат
траењето на батериите. Избегнувајте подолго изложување на
батериите на високи температури или сонце (ризик од
прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век, по употреба батериите мора да
бидат целосно наполнети.
За можно подолг век на траење, апаратите после нивното
полнење треба да бидат извадени од апаратот за полнење на
батериите.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C и
на суво место.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
ЗАШТИТА ОД ПРЕОПТЕРЕТУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА
При преоптоварување на батеријата со многу висока
потрошувачка на струја, на пример екстремно високи вртежни
моменти, заглавување на дупчалката, ненадејно запирање или
краток спој, електро-уредот бучи 2 секунди, а потоа самостојно
се гаси.
За повторно вклучување ослободете го прекинувачот и
вклучете повторно.
Во случај на екстремни оптоварувања батеријата може да
загрее многу. Во таков случај батеријата исклучува.
Тогаш ставете ја батеријата во уредот за полнење за повторно
да ја напоните и активирате.
ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен
патен транспорт на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од
страна на шпедитерски претпријатија подлежни на
одредбите за транспорт на опасни материии. Подготовките
за шпедиција и транспорт треба да ги вршат исклучиво
соодветно обучени лица. Целокупниот процес треба да биде
стручно надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а
сето тоа со цел да се избегнат кратки споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во
нивната амбалажа.
470 646- M18FID2.indd 93
470 646- M18FID2.indd 93
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени
литиум-јонски батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето
шпедитерско претпријатие.
ОДРЖУВАЊЕ
Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови.
Доколку некои од компонентите кои не се опишани треба да
бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните
агенти на Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси).
При потреба може да се побара експлозионен цртеж на
апаратот со наведување на машинскиот тип и
шестоцифрениот број на табличката со учинокот или во
Вашата корисничка служба или директно кај Techtronic
Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden,
Германија.
СИМБОЛИ
ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување
на каков и да е зафат врз машината.
Ве молиме пред да ја стартувате машината
обрнете внимание на упатствата за употреба.
Електричните апарати и батериите што се полнат
не смеат да се фрлат заедно со домашниот отпад.
Електричните апарати и батериите треба да се
собираат одделно и да се однесат во соодветниот
погон заради нивно фрлање во склад со начелата
за заштита на околината.
Информирајте се кај Вашите местни служби или кај
специјализираниот трговски претставник, каде има
такви погони за рециклажа и собирни станици.
n
Брзина без оптоварување
0
n
Број на ударите
V
Волти
Истосмерна струја
Европска ознака за сообразност
Британска ознака за сообразност
Украинска ознака за сообразност
Евроазиска ознака за сообразност
МАКЕДОНСКИ
93
28.10.2021 13:02:56
28.10.2021 13:02:56