Пуштање во употреба
5 ПУШТАЊЕ ВО УПОТРЕБА
НАПОМЕНА Контролирајте го уредот
пред дневното пуштање во употреба, по
паѓањето долу или други удари за можни
оштетувања. Поправете ги истите пред
употреба.
5.1
Правење и полнење на мешавина од
бензин/масло
ВНИМАНИЕ! Опасност од оштетувања на
моторот. Чистиот бензин доведува до
оштетување и целосен прекин на моторот. Во
тој случај не може да се бара никаква
гаранција од страна на производителот.
■
Користете го моторот секогаш со
мешавина од бензин и масло во
предвидениот однос на мешање.
Правење на мешавина од бензин/масло
За двотактниот мотор ви е потребно:
■
Безоловен, свеж бензин со број на октани
од најмалку 90. Складираниот бензин
подолго од 2 месеци доведува до наслаги
и дефекти во функционирањето на
моторот.
■
Високо квалитетно синтетичко масло за
двотактни мотори
Направете од овие два составни дела една
мешавина од бензин/масло од 50:1:
Однос на
мешање
50 дела бензин:
1 дел двотактно
масло
1. Наполнете ги бензинот и двотактното
масло во шише за мешање на гориво (за
количините види ја табелата според
големината на шишето за мешање на
гориво).
2. Затворете го шишето за мешање на
гориво и протресете го силно повеќепати
за добро да се промешаат бензинот и
маслото.
442959_a
Бензин
Двотактно
[литри]
масло
[милилитри
]
1 l
20 ml
3 l
60 ml
5 l
100 ml
Полнење на мешавина од бензин/масло
(14)
1. Ставете го уредот на рамна, стабилна
платформа. Капакот (14/1) на резервоарот
за гориво мора да покажува нагоре.
2. Избришете ги капакот (14/1) на
резервоарот за гориво, резервоарот за
гориво (14/2) и околните делови на уредот
за да при полнење на мешавината од
бензин/масло не доспева нечистотија во
резервоарот за гориво.
3. Полека завртете го капакот на
резервоарот за гориво за да мешавината
од бензин/воздух која се наоѓа под
притисок полека изветри од резервоарот
за гориво во околината. Оставете го
капакот да виси на резервоарот за гориво.
4. Ставете инка (14/3) во приклучокот за
полнење (14/4) на резервоарот за гориво.
5. Подготвената мешавина од бензин/масло
од шишето за мешање на гориво (14/5)
наполнете ја до долниот раб на
приклучокот за полнење во резервоарот
за гориво но сепак не над тоа.
6. Извадете ја инката и рачно завртете го
капакот.
7. Избришете ја истурената мешавина од
бензин/масло од уредот и од
платформата.
6 РАБОТА
6.1
Подготовка
Пред стартувањето
■
Положете ја моторната коса рамно и без
пречки на подот. Алатката за сечење не
смее да допира никакви предмети а не
смее да го допира ниту подот.
За време на стартувањето
■
Да не стоите на дршката за да се избегне
оштетување на дршката или на аголниот
преносник којшто се наоѓа во дршката.
■
Заземете сигурна и стабилна положба и
цврсто фатете ја моторната коса на
куќиштето од фланшата.
Прилагодувања на Choke-лостот
CHOKE
RUN
415