Употреба
Ставање во употреба
Вклучување/исклучување
За отклучување на електричниот алат притиснете го
копчето за блокада при вклучување (4). Статусот на LED-
светилките (1) свети зелено. Потоа притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (5) и држете
го притиснат за да го вклучите електричниот алат. Сѐ
додека статусот на LED-светилките (1) свети зелено,
електричниот алат е отклучен.
За исклучување на електричниот алат отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (5). Потоа
притиснете го копчето за блокада при вклучување (4), за
да го заклучите електричниот алат. Ако електричниот алат
не е вклучен повеќе од пет минути, тој автоматски ќе се
заклучи.
Ако електричниот алат не се исклучи по отпуштање на
прекинувачот за вклучување/исклучување (5),
притиснете го копчето за блокада при вклучување (4).
Пред употребата проверете ги алатите за брусење.
u
Алатот за брусење мора да биде монтиран
беспрекорно и да може слободно да се врти.
Направете проба од најмалку 1 минута без
оптоварување. Не користете оштетени,
нетркалезни или алати за брусење што вибрираат.
Оштетените алати за брусење може да пукнат и да
предизвикаат повреди.
Совети при работењето
Затегнете го делот што се обработува, доколку не
u
налегнува сигурно со својата тежина.
Не го оптоварувајте многу електричниот алат,
u
додека не дојде во состојба на мирување.
По силното оптоварување, оставете го
u
електричниот алат уште неколку минути во празен
од, за да се излади.
Електричниот алат не го користете со држач за
u
сечење.
При сечење на лесни материјали, внимавајте на
u
законските одредби и препораки на
производителот на материјалот.
Не ги допирајте брусните плочи и дисковите за
u
сечење додека не се оладат. Плочите за време на
работењето стануваат многу жешки.
Сечење на метал
При сечењето со брусни плочи секогаш работете со
умерено поместување нанапред по материјалот. Не
правете притисок на брусната плоча за сечење, не
навалувајте и не осцилирајте.
Не ги блокирајте брусните плочи за сечење што
излегуваат со страничен противпритисок.
Електричниот алат секогаш мора да се води во спротивен
правец на движење. Инаку постои опасност, тој
неконтролирано да се истисне од резот.
Bosch Power Tools
При сечење на профили и четириаголни цевки, најдобро
е да поставите на најмалиот пресек.
Напомени за статиката
Процепите во носечките ѕидови подлежат на нормата
DIN 1053 дел 1 или прописите специфични за земјата.
Мора задолжително да се придржувате до овие прописи.
Пред почетокот на работата повикајте го одговорниот
статичар, архитект или надлежните градежни
раководители за да се советувате.
Помош при сечење (види слика E)
Помошта при сечење (14) овозможува точно сечење при
сечење на материјали. Осигурете се дека, помошта при
сечење (14) е цврсто фиксирана пред да почнете со
сечење. За да го направите тоа, свртете ја помошта при
сечење (14) заедно со заштитниот капак (7) така што
реброто за фиксирање (17) ќе се вклопи во
отворот (16).
Транспортен капак (види слика F)
За транспорт на електричниот алат монтирајте го
транспортниот капак (13). Ова служи за заштита од
повреди.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите
u
за проветрување, за да може добро и безбедно да
работите.
Доколку батеријата не функционира повеќе, обратете се
кај овластената сервисна служба за Bosch-електрични
алати.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел,
тогаш набавете го од Bosch или специјализирана
продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете
загрозување на безбедноста.
Складирајте и третирајте го приборот со внимание.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во
врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ
како и резервните делови. Ознаки за експлозија и
информации за резервните делови исто така ќе најдете
на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви
помогне доколку имате прашања за нашите производи и
опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве
молиме наведете го 10-цифрениот број од
спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3
1000 Скопје
Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk
Интернет: www.servis-bosch.mk
Македонски | 189
1 609 92A 5CC | (15.06.2020)