OBJ_BUCH-2835-002.book Page 153 Tuesday, November 15, 2016 3:41 PM
Приказ за наполнетоста на батеријата
Трите зелени LED светла на приказот за наполнетост на
батеријата 11 ја покажуваат наполнетоста на батеријата
10. Од безбедносни причини, наполнетоста на батеријата
може да ја проверите само доколку електричниот апарат е
во мирување.
Притиснете го копчето 12, за да се прикаже наполнетоста
на батеријата. Ова исто така е возможно и со извадена
батерија 10.
ЛЕД светло
Трајно светло 3 x зелено
Трајно светло 2 x зелено
Трајно светло 1 x зелено
Трепкаво светло 1 x зелено
Доколку по притискањето на копчето 12 не свети LED,
батеријата е дефектна и мора да се замени.
За време на процесот на полнење трите зелени LED светла
светнуваат едноподруго и се гасат за кратко. Батеријата е
целосно наполнета, доколку трите зелени LED светла
постојано светат. Околу 5 минути откако ќе се наполни
целосно батеријата, трите зелени LED светла повторно се
гасат.
Вметнување/замена на листот за пилата
Пред било каква интервенција на електричниот
апарат извадете ја батеријата.
При монтажа на листот од пилата носете заштитни
ракавици. При допирање на листот за пилата постои
опасност од повреда.
При менувањето на листовите за пила внимавајте на
тоа, на прифатот за листот на пилата да нема
остатоци од материјал, на пр. дрвени или метални
струготини.
Избор на лист за пилата
Користете само листови за пила што се соодветни за
материјалот што се обработува.
Прегледот за препорачани листови за пила ќе го најдете на
почетокот од ова упатство. Ставајте само листови за пила
со ½"-универзален држач. Листот за пилата не треба да
биде подолг отколку што е потребно за предвидениот рез.
За сечење на тесни криви линии користете тесен лист
пила.
Вметнување на листот за пилата (види слика B)
Навалете ја рачката за откочување на листот за пила 4 за
околу 60° во правец на стрелката и цврсто држете ја.
Вметнете го листот за пила 1 во прифатот за лист за пила
18. Повторно отпуштете ја рачката за откочување на
листот за пила 4.
Проверете дали е стабилен листот за пила. Лабаво
поставениот лист за пила може да испадне и да ве
повреди.
За одредени работи, листот за пилата 1 може да се сврти
за 180° (запците покажуваат нагоре) и повторно да се
стави во првичната положба.
Bosch Power Tools
Вадење на листот за пилата (види слика B)
Навалете ја рачката за откочување на листот за пила 4 за
околу 60° во правец на стрелката и цврсто држете ја.
Извлечете го листот за пила 1 од прифатот за лист за пила
18. Повторно отпуштете ја рачката за откочување на
листот за пила 4.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
Капацитет
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
2/3
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
1/3
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
<1/3
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
Резерва
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Употреба
Ставање во употреба
Вметнување на батерија (види слика A)
Користете само оригинални Bosch литиум-јонски
батерии со напон кој е наведен на
спецификационата плочка на Вашиот електричниот
апарат. Користењето друг вид батерии може да доведе
до повреди и опасност од пожар.
Вметнете ја наполнетата батерија 10 во прифатот за
батерија 17, додека не почувствувате да се вклопи.
Контрола/избор на бројот на удари
Кај тврди материјали (на пр. челик), мекиот старт
овозможува прецизно сечење.
Бројот на вртежите на вклучениот електричен апарат
може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа
колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за
вклучување/исклучување 8.
Со нежно притискање на прекинувачот за
вклучување/исклучување 8 се постигнуваат мал број на
удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и
бројот на удари.
Со копчето за подесување на бројот на удари 7 може да го
изберете бројот на удари и да го промените за време на
работата.
1:
низок број на удари
6:
висок број на удари
Македонски | 153
1 609 92A 2L0 | (15.11.16)