За прецизно одредување на нивото на вибрации и
емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот
во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот
кога е во употреба. Ова може значително да го намали
нивото на вибрации и емисијата на бучава во
целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за
заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,
како на пр.: одржување на електричните алати и алатите
за вметнување, одржување на топлината на дланките,
организирање на текот на работата.
Исклучување при повратен удар
При ненадејна пречка на електричниот алат,
на пр. блокирање на резот при сечење,
доводот на струја до моторот електронски ќе
се прекине.
За повторно вклучување ставете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (7) во
исклучена позиција и одново вклучете го електричниот
алат.
Сопирачка за исфрлување од брзина
Електричниот алат има електронски систем
за сопирање на Bosch. При исклучување,
алатот за брусење ќе запре за неколку
секунди. Ова значи значително скратување
на времето на исфрлање од брзина во однос
на аголните брусилки без сопирачка за исфрлање од
брзина и овозможува побрзо оставање на електричниот
алат.
мек старт
Електронскиот мек старт го ограничува вртежниот
момент при вклучувањето и му овозможува на
електричниот алат непречено да се вклучи.
Напомена: Ако електричниот алат работи со полна
брзина веднаш откако ќе се вклучи, мекото стартување и
заштита од рестартирање се дефектни. Електричниот
алат мора веднаш да се испрати до сервисната служба,
адресите ќе ги најдете во делот „Сервисна служба и
совети за користење".
Заштита од рестартирање
Заштитата од рестартирање го спречува
неконтролираното вклучување на електричниот алат по
прекин на струја.
За повторно вклучување ставете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (7) во исклучена позиција и
одново вклучете го електричниот алат.
Исклучување при удар
Интегрираното исклучување при удар го исклучува
електричниот алат, штом по пад се најде на земјата. За
повторно вклучување ставете го прекинувачот за
вклучување/исклучување (7) во исклучена позиција и
одново вклучете го електричниот алат.
Bosch Power Tools
Батерија
Bosch продава батериски електрични алати и без
батерија. Дали батеријата е содржана во обемот на
испорака можете да видите на пакувањето.
Полнење на батеријата
Користете ги само полначите коишто се наведени
u
во техничките податоци. Само овие уреди за
полнење се погодни за литиум-јонската батерија за
Вашиот електричен уред.
Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат
делумно наполнети порани меѓународните прописи за
транспорт. За да се загарантира целосната јачина на
батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.
Ставање на батеријата
Вметнете ја наполнетата акумулаторска батерија во
прифатот за батерија, додека не се вклопи.
Вадење на батеријата
За да ја извадите акумулаторската батеријата, притиснете
на копчето за отворање и извлечете ја батеријата. Притоа
не употребувајте сила.
Акумулаторската батерија има 2 степена на блокирање,
што спречуваат да испадне батеријата при невнимателно
притискање на копчето за отклучување на батеријата. Сѐ
додека е вметната батеријата во електричниот алат, таа се
држи во позиција со помош на пружина.
Приказ за наполнетост на батеријата
Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост
на батеријата ја покажуваат состојбата на наполнетост на
батеријата. Од безбедносни причини, состојбата на
наполнетост на батеријата може да ја проверите само
доколку електричниот алат е во мирување.
Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на
батеријата,
или
, за да се прикаже наполнетоста. Ова
исто така е возможно и со извадена батерија.
Доколку по притискањето на копчето на приказот за
наполнетост на батеријата не свети LED светилка,
батеријата е дефектна и мора да се замени.
Тип на батерија GBA 18V...
LED-светилки
Трајно светло 3 × зелено
Трајно светло 2 × зелено
Трајно светло 1 × зелено
Трепкаво светло 1 × зелено
Македонски | 263
Капацитет
60–100 %
30–60 %
5–30 %
0–5 %
1 609 92A 8GS | (22.02.2023)